Основана од Шенаси Адили, компанијата Смарт Студио за краток период ја стекна довербата кај потрошувачите и команиите на пазарот на градежништвото и внатрешниот дизајн. Благодарение на долгогодишното искуство на тимот кој стои зад нашата компанија и ресурсите со кои располагаме, нудиме професионални услуги во областа на завршни градежни работи при изградба на нови објекти и реновирање на вашите домови и деловни простории. Тука, пред се, мислиме на изведба и поставување на керамички и порцелански подни и ѕидни решенија од големиот Италијански бренд Мараци (Marazzi), како и поставување на подна и ѕидна изолација и санитарии.