Станбено-деловниот комплекс НАСТЕЛ ТАФТАЛИЏЕ е еден од најголемите во последната декада во Македонија. Се работи за 7 згради кои етапно се градат во три фази.
Во првата фаза изведена е изградба на 4 згради со приземје, девет ката и поткровје, со 330 станови распоредeни во 4 влезови со по 2 лифта во влез и паркирање на едно ниво под објектите.
Во втората фаза реализирана е изградба на уште две згради со вкупно 140 станови.
Во приземјето се наоѓаат деловни простории со галерии и висина од 6 метри.