Проектот “VEL CITY” внесува нов концепт на урбан центар кој на едно место во градот генерира многу функции, а на тој дел од градот дава животна динамика во текот на целиот ден.
“VEL CITY” комплексот со програмите се отвара на сите страни. Во долниот дел е динамичноста со трговски, сервисни и угостителски објекти, додека на горниот дел се предвидуваат две ламели со станови кои даваат динамика и на другите делови од комплексот. Се заедно проектот во градот носи нов оптимизам кој ќе се прошири и во пошироката околина.