КРАТОК ОПИС

Во населбата Криви Дол (општина Карпош) во тек е изградбата на новиот станбен објект Riverview Residence.

Објектот е сместен на одлична локација, во чиста и мирна средина,  изолиран од градскиот метеж, а оддалечен на само 3км од центарот на градот. Поставен е на самиот кеј на реката Вардар со непречен поглед кон Градскиот Парк и Водно. Ваквата негова поставеност го прави идеален избор за секој оној кој сака да ужива во природата, а сепак да го има градот на дофат.

Пристапот до објектот е од Бул. 8-ми Септември со оддалеченост од 300м, а паркирањето е обезбедено на надземни и подземни паркинг места во рамките на сопствената парцела.

  • катност По+П+3+Пк
  • површина на станови од 18-108м2
  • парковски површини во приземјето и зелени тераси на катовите
  • А класа енергетско ефикасен објект
  • сопствен (индивидуален) систем на греење
  • вграден клима уред во секој стан
  • одлична звучна и термичка  изолација (заштеда до 40% во грејниот период на годината)
  • прва класа на паркет, плочки и санитарии, внатрешна и фасадна столарија
  • видеофонија и видео надзор
© Smart Studio. All rights reserved